четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нелоски: ФК Вардар е македонски бренд, не смее да се дозволи тој да згасне

Нелоски: ФК Вардар е македонски бренд, не смее да се дозволи тој да згасне

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Што не е јасно?” гостуваше претседателот на Градски комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски кој се осврна на лошите политики на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, како и на негрижата на Шилегов во однос на ФК Вардар.

Нелоски потенцираше дека ФК Вардар е синоним за Скопје и Република Македонија.

-Тоа е спортски бренд кој под никакви услови не смее да се дозволи да згасне, напротив, треба да се издигне на пиедесталот каде што тој всушност и припаѓа. Игнорантскиот однос на власта во однос на ситуацијата во клуб е доказ за тоа дека оваа власт е ненародна и не го чувствуваат клубот како идентификациски код на скопјани, вели Нелоски.

“ФК Вардар е душата и срцето на Скопје. Скопјани и сите македонски граѓани се гордеат со Вардар и се идентификуваат во светот преку неговото постоење. Не е страшното дали Вардар ќе замине во втората лига, па ќе се врати во елитата, туку страшното е што градоначалникот нема ниту желба да помогне барем малку. Шилегов треба да го тргне своето его на страна и да се потруди да изнајде решение преку кое ќе се спаси клубот, а како најизгледна шанса е градот Скопје да биде новиот сопственик на клубот”, додава Нелоски.

Нелоски додаде дека после октомври, кога градот Скопје ќе добие нов градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ФК Вардар ќе биде во сигурни раце и неговиот просперитет нема да биде под никаков сомнеж. -Тоа нема да биде само спас за Вардар во дадениот момент, туку ќе биде нов проект и ново вложување во Вардар како спортски бренд кој со години треба да функционира без никаков проблем, објасни Нелоски.

Најнови вести