недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нелоски: Нина даде налог да се бркаат работници од работа, Светска банка најави рецесија

Нелоски: Нина даде налог да се бркаат работници од работа, Светска банка најави рецесија

Нина Ангеловска вчера им даде насока на газдите да бркаат работници од работа. Тоа е рецептот за спас на економијата. Рецепт за пропаст и осиромашување на граѓаните. Откако ја презадолжија државата и оставија товар на идните генерации, сега ги оставаат граѓаните и без леб, реагира Владимир Нелоски, член на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од неговата прес-конференција

Економијата само ќе тоне, а тоа го најави и Светска банка која прогнозира рецесија.

СДСМ направи дупка во буџетот и безмилосно потроши 120 милиони евра, ќе повторам 120 милиони евра народни пари во првите три месеци од годинава. Ова е буквална кражба. Уште пред да се случи економската криза поради коронавирусот власта потрошила 120 милиони евра повеќе со цел изборна корупција и поткуп на гласачи.

Само за првите три месеци секое македонско семејство е задолжено за 15.000 денари, трендот на задолжување со СДСМ ќе продолжи.

Целокупната буџетска празнина ќе изнесува и над 1.3 милијарди евра, пари кои ќе треба да се обезбедат од нови заеми, а кои нема да бидат вложени во инвестиции и развој, туку единствено само во преживување.

Економијата ќе продолжи да тоне.

Економската слика е уште полоша доколку на тоа го пресметаме падот што ќе го има економијата, а кој вчера го посочи и Светска банка, која најави дека земјава ќе влезе во рецесија. Рецесијата која што ја прогнозира Светска банка ќе оди и до 3.6%.

И додека економијата оди надолу и не генерира никаков раст, СДСМ продолжува да вработува партиски војници, се трошат пари на луксуз, владата нарачува 3 тони кафе и 700 килограми апетисани, што е еквивалент на пола  милион филџани кафе.

Едноставно лудилот наречено СДСМ не престанува да ја урива државата и буквално додека народот гладува тие да се хранат со лешници и бадеми и пијат скапо кафе.

СДСМ буквално тоа го прави. Нема за бизнисот, нема за земјоделците, нема за ниту една категорија граѓани, но затоа има за функционерите од власта и за нивен комотен живот.

Оваа аздисаност со народните пари ќе биде ревидирана и ќе има одговорност за секој потрошен денар.

Најнови вести