понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нелоски: Проектите на градоначалниците на СДСМ ја покажуваат неспособноста на власта и обид да склучат повеќе криминални тендери

Нелоски: Проектите на градоначалниците на СДСМ ја покажуваат неспособноста на власта и обид да склучат повеќе криминални тендери

„Најпрвин кога говориме за конкретно овој проект за зелени покриви, јас сакам да се вратиме малку наназад каде што е почетокот на Петре Шилегов на СДСМ и Градот Скопје. Во 2017-та година Петре најавуваше дека најпрвин за ГТЦ дека таму ќе направи одреден парк кој што ќе биде илјадници метри квадратни. Но, одлучи од кровот на ГТЦ кој што има пет платформи да направи само на една мала површина некој си зелен кров. Понатаму, во својата програма Петре Шилегов и СДСМ ветија дека вакви зелени кровови ќе имаат можност граѓаните да бидат субвенционирани за да се постават на приватни згради, а не само на институции. И воедно Петре Шилегов вети во 2017-та година дека секоја институција која што е под Град Скопје и сите средни училишта исто така ќе добијат зелен покрив. Но, за жал како и за многу други работи, така и за оваа излажа и гледаме само едно минорно работење за поставување за колку да се каже на такви зелени покриви во обидот да се прикаже борба против загадувањето и борба за зелено Скопје“, истакна Владимир Нелоски, претседател на Градскиот Комитет при ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување на „Радио Лидер“.

Нелоски додаде дека борбата со загаден воздух нема да се реши со зелени покриви само. Тоа е само еден сегмент од многуте за справување со енормниот загаден воздух во Скопје.

„Град Скопје и СДСМ најавија во 2017-тата година дека Скопје ќе биде победник за конкурсот за зелена престолнина во Европа за 2021 година. Тоа го најавија во својата изборна програма, за денеска пред неколку дена градоначалникот на Град Скопје да изјави дека не успеале да победат, а не ни успеале да влезат во финалето“, рече Нелоски.

Нелоски посочи дека поради неспособноста на Шилегов и СДСМ, Скопје не успеа ниту во 2021 и 2022 година да биде зелена престолнина.

„Проектот за голф терени на еден начин ја покажува забеганоста на власта и на локално и на централно ниво. Тука исто така се покажува и изгубеноста во реалноста во која што живееме. Вие како градоначалник да ветите дека ќе правите голф терен во едно од населбите во Скопје во која што секоја година жителите пет месеци дишат пластика и е една од најзагадените во Скопје. Во населба чија инфраструктура е во многу незавидна состојба каде што делот од граѓаните немаат вода во канализација, вие да најавувате голф терен треба навистина да сте надвор од реалноста“, појасни Нелоски.

Нелоски рече дека преку голф терени СДСМ сака да направи уште еден криминален тендер на кој што ќе работат нивни блиски фирми.

Најнови вести