среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нелоски: Седењето на Богдановиќ во кафана во време кога угостителските објекти имаат забрана за работа, е показател дека дојде живот само за властодршците

Нелоски: Седењето на Богдановиќ во кафана во време кога угостителските објекти имаат забрана за работа, е показател дека дојде живот само за властодршците

Владимир Нелоски, претседател на Градскиот комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Неделен брифинг на порталот Инфомакс, коментирајќи го видеото кое излезе на социјалните мрежи во кое се гледа дека градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ седи во еден угостителски објект и покрај тоа што е донесена одлука за затворање на сите угостителски објекти уште од 6ти април и во моментот има полициски час, праша зошто кафаните работата само за функционерите на СДСМ, но не и за обичниот граѓанин.

-Она што за мене е поважно во оваа снимка, не е тоа дали градоначалникот е излезен во 22 часот, можеби има дозвола за движење од општината. Она кое што е страшно како кафаните и рестораните работата само за функционерите на СДСМ. Како некој од обичните граѓани не може да отиде и да испие пиво или да јаде. Ова е показател дека дојде живот само за одредена категорија на луѓе, односно за властодршците, а за сите останати гледаме дека има репресија и беда. И токму затоа треба да се реагира од страна на граѓаните, зошто МВР, ЈО и сите останати институции се влечат како полжави, рече Нелоски.

-Зошто кафаните работата за градоначалниците, а не работата за обичниот граѓанин, праша Нелоски и додаде: Да сме нормална држава уште утре во раните утрински часови градоначалникот ќе ја депонираше својата оставка.

Нелоски заклучи дека на следните локални избори, граѓаните ќе го казнат ваквото однесување од страна на локалните власти на СДСМ.

Најнови вести