вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нелоски: Смешната ситна акција на МВР беше покрената за да се фатат малите риби, а да се сокријат покрупните риби кои се во позадина со скандалот „Мафија“

Нелоски: Смешната ситна акција на МВР беше покрената за да се фатат малите риби, а да се сокријат покрупните риби кои се во позадина со скандалот „Мафија“

„За мене лично чудно е да обвинителството во низа наврати досега за евидентни криминални дејанија и криминални отстапки за власта да не покрене никаква самоиницијативност за да види до кај се тие случувања, пто се случило, дали имало криминал или не. Мора да го разберете и нашето неверување на обвинителството како институција, бидејќи ова не е прв пример на скандал што сме го обзнаниле,а се уште да нема никаква постапка покренато и обвинителството, па се разбира и министерството за внатрешни работи“, рече Владимир Нелоски, претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 Анализа“.

Нелоски додаде дека онаа смешна ситна акција на МВР беше покрената само за да се фатат малите риби, а да не одговараат покрупните риби кои се во позадина на овој скандал со издавање на пасоши.

„Она што ни дава нас причина да се сомневаме со целата ова, да речам на еден начин спрега помеѓу државата и мафијата е тоа што јас како граѓанин не можам да поверувам дека еден обичен службеник техничар кој што работи во министерството или пак човекот кој што е вработен на шалтер може да внесе во државата криминалци. Значи да не заборавиме ова не се ниту обични криминалци, не се луѓе кои што направиле само еден обичен прекршо, значи говориме за луѓе кои што се од италијанската мафија, од албанската мафија, од турската мафија, се разбира црногорските кланови, црногорската мафија и еден од луѓето кои што го извадивме,а тоа е и од терористичката отганизација ИСИС. Ова се луѓе кои што не можат туку така да влезат на граничен премин во државата и да отидат во некоја државна институција и да извадат патен или било каков документ“, нагласи Нелоски.

Нелоски посочи дека дури и Спасовски има фотографии со неко луѓе кои што се обвинети. Значи досега имаше само пратеници и коалициони партнери на власта фотографирани со ваков тип на криминалци кои што извадиле пасоши.

„И тука не говорам за фотографија случајно на улица најдени, како министре да се сликаме. Говорам за фотографија која што е дел од одередена највереојатно семејна или интимна прослава, и тука доаѓа прашањето како е можно баш министерот да се најде на талва прослава кај еден од обвинитетите“, појасни Нелоски.

Нелоски додаде дека таквата поврзаност на Спасовски со еден од осомничените го носи овој скандал до самиот врв на власта.

Најнови вести