петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Нелоски: Со проектот на СДСМ досега се вклучени само 1% млади луѓе

Нелоски: Со проектот на СДСМ досега се вклучени само 1% млади луѓе

Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше на емисија „Детектор“ каде што појасни дека проектот „Младинска гаранција“ на СДСМ не помогна многу за вработување на младите, во проектот на СДСМсе вклучени досега само 1% на млади луѓе.

-Морам да истакнам, да кажам едно мое лично разочарување во однос на овој проект, за жал иако можеби намерата е искрена.Со овој проект се опфатени сега околу 3.300 млади луѓе од кои што вработени се скоро половина. Значи не се ни 3.000 млади луѓе, а во Република Македонија имаме околу 300.000 млади луѓе. Ако ги погледнеме фактите тоа кажува дека овој проект за една година има успеано да помогне да најде работа, не да најдат работа туку да бидат вклучени во овој проект само 1% од населението на Република Македонија, млади луѓе, истакна Нелоски.

Нелоски ја повика АВРМ да го погледне проектот кој што беше две години од 2014-2016, вработување на млади до 29 години, преку овој проект за две години се вработија над 12.000 млади луѓе. -Со проектот на ВМРО-ДПМНЕ се вработија околу 12.000 луѓе, а со проектот на СДСМ само 1% за две години.

Најнови вести