петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Нелоски: Владата на СДСМ не се грижи за економијата и стандардот на граѓаните

Нелоски: Владата на СДСМ не се грижи за економијата и стандардот на граѓаните

Во денешната емисија „Детектор“ гостуваше Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, при што посочи дека приоритет на секоја влада треба да биде економското прашање и задржување на младите луѓе.

-Потребно е да се подобри животот на граѓаните во Република Македонија. Поразителни се резултатите дека 28% од населението не можат да заминат на одмор бидејќи немаат пари. Токму затоа сметам дека приоритетни прашање на оваа влада и на секоја наредна влада треба да биде токму економијата. И покрај сите други важни теми, најприоритетни треба да биде економското прашање. За жал сметам дека оваа власт нема доволно ставено акцент на економијата и на зголемување на платите во Република Македонија, намалување на сиромаштијата, истакна Нелоски.

Посочи дека целта на младите луѓе треба да биде приватниот сектор, но приоритет на секоја владејачка партија треба да биде задржување на младите и најдобрите студенти, во администрацијата се со цел да се помогне за развој на самата држава.

-Еве давам предлог кој што беше дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ за изборите од 2016-та година, а тоа е вработување на најдобрите 100 студенти од секоја генерација во државната администрација кои што би помогнале да немаме вакви случаеви за жал каде што не е само оваа девојка, имаше уште еден млад човек пред некој ден со висок просек и меѓународно искуство да не влегуваат во државната администрација, додаде Нелоски.

Најнови вести