понеделник, 12. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Нема бомби во скопските училишта, лажни биле и денешните пријави

Нема бомби во скопските училишта, лажни биле и денешните пријави

Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи во училишта во Скопје, завршија сите потребни проверки, информираат од МВР.

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од десет училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

-Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, велат од МВР.

Најнови вести