вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нема бомби во училиштата во Скопје: Завршија антитерористичките проверки

Нема бомби во училиштата во Скопје: Завршија антитерористичките проверки

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со пријавите добиени попладнево дека на електронски адреси е упатена закана за наводно поставена експлозивна направа во три училишта во Скопје и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Претходно МВР информираше дека и 30-те пријави од утринава биле лажни.

-Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за наводно поставена експлозивна направа во 30 училишта во Скопје и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, порачаа од МВР.

Најнови вести