петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Нема да се толерира несоодветно однесување со децата во градинките

Нема да се толерира несоодветно однесување со децата во градинките

По објавувањето на видео на социјалните мрежи од градинката „Детска радост“ во Гевгелија каде воспитувачката со погрдни зборови му се обраќа на дете, Министерството за труд и социјална политика реагираше со цел расветлување на случајот.

– Одделението за инспекциски надзор за заштита на децата веднаш стапи во контакт со директорот на установата, а инспектори се упатени  на терен за да извршат вонреден инспекциски надзор. Доколку се потврди веродостојноста на случката, сите одговорни ќе бидат веднаш санкционирани. МТСП нема да толерира било какво несоодветно однесување со децата во градинките, се вели во соопштението од  Министерството за труд и социјална политика.

Од МТСП информираат дека во најбрз рок ќе ја известат јавноста за наодите и следните чекор во однос на овој случај.

Најнови вести