четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Нема дилема ВМРО-ДПМНЕ останува против договорот со Грција“

„Нема дилема ВМРО-ДПМНЕ останува против договорот со Грција“

Нема дилема, јас тоа го кажав и во оние тонски парчиња за националните телевизии и тоа им пренесов на соговорниците дека ВМРО-ДПМНЕ останува против, и тука нема никаква дилема, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прашањето кое се однесуваше за договорот од Преспа, во емисијата „Отворено“ на ТВ Алфа.

Мицкоски образложи дека не би било сериозно ние да ги менуваме ставовите од денес за утре.

-Постојат и такви политичари, кои што тоа го прават од денес за утре, но тие обично траат до следните избори. Но, народот односно граѓаните на Република Македонија тоа јасно ќе го препознаат на следните предвремени или редовни парламентарни избори. И сите оние политичари кои што деноноќно ги менуваат, дневно ги менуваат своите изјави ќе бидат пратени во историјата на темната страна.

Најнови вести