сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нема настрадани македонски државјани во поплавите во Европа – еве како да побарате помош

Нема настрадани македонски државјани во поплавите во Европа – еве како да побарате помош

Министерството за надворешни работи со загриженост ги следи состојбите со поплавите во Западна Европа. Според информациите на нашите дипломатско – конзуларни претстваништва во погодените региони нема жртви државјани на Македонија, соопшти МНР.

-Нашите државни конзуларни претставништва стојат на висина на задачата, отворени и во служба на државјаните на Македонија кои живеат во погодените региони. Исто така, МНР е во постојана комуникација со домашните власти во земјите кои доживеа природна катастрофа. Според информациите на нашите ДКП-а во погодените региони нема жртви државјани на РМ, се наведува во соопштението.

Од МНР посочуваат дека во случај на евентуално барање помош, нашите државјани можат да се јавуваат на следните телефонски броеви:

Берлин: +49 15255691603
Минхен: + 49 162925525
Хаг: + 31 6 38174907
Брисел: +32 27329108.

Најнови вести