Клиниката за стоматологија информира дека нема нови случаи на заразени од МРСА, откако кај вработен на Клиниката беше откриена оваа бактерија.
-Во врска со настаните околу веста за откриена бактерија МРСА кај еден од вработените во ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон – Скопје, информираме дека работниот процес се одвива непречено во континуитет. Покрај генералното чистење и дезинфицирање од страна на нашите вработени, во текот на денешниот ден во периодот после 14.30 часот превентивно ќе биде извршена дезинфекција на целата клиника, велат од Клиниката.
Од таму додаваат дека се чекаат резулатати од санитарниот преглед направен на вработените и дека нема нови пријавени случаи.
–Во интерес на пациентите, апелираме до јавноста дека нема потреба од било каков сомнеж за сигурно и квалитетно давање на стоматолошки здравствени услуги, велат од Клиниката.