недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нема откажани летови од 9 наутро, еве каква ќе биде ситуацијата со летовите на скопскиот аеродром

Нема откажани летови од 9 наутро, еве каква ќе биде ситуацијата со летовите на скопскиот аеродром

Од 20 часот на втори јануари до 9 часот наутро денеска на трети јануари 2023 година, авиокомпаниите откажаа 10 лета, а пренасочија 3 лета, поради намалена видливост како резултат на густата магла во скопската котлина, информираат од ТАВ Македонија.

Согласно правилата на авиопревозниците за вакви ситуации, тие им организираат превоз и хотелско сместување на патниците.

Од компанијата за сите натамошни информации во врска стекнување на патничките права, ги упатуваат патниците да се обратат кај својата авиокомпанија, со чии услови и правила на користење се согласиле кога ги купиле авионските карти.

Доколку патниците имаат потреба дополнително да ги бараат своите патнички права да се обратат до Агенцијата за цивилно воздухопловство, на чија веб-страница се пропишани правилата и условите за нивно остварување: https://www.caa.gov.mk/

Од 9 часот наваму нема откажани летови на Меѓународниот Аеродром Скопје.

-Во моментов не очекуваме нарушувања, но видливоста е променлива и зависи од временските неприлики во кои се наоѓа скопската котлина веќе неколку дена.

Ги упатуваме патниците да ја следат нашата веб-страница: www.skp.airports.com.mk , во делот Летови (Заминувања/Пристигнувања). Таму, евентуалните промени во редовниот распоред на летови се ажурираат во реално време, како што ги добиваме информациите во нашите системи, велат од ТАВ Македонија.

Најнови вести