петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Нема подолги задржувања на границите, коловозите суви

Нема подолги задржувања на границите, коловозите суви

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ЈП Македонијапат на регионалниот пат Р-2332 Ресен – Охрид (преку Галичица) врши градежни работи чистење на банкини косење и кастрење на гранки на делот од Царина до Трпеица.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести