четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нема повеќе олеснувања за Кичеец, префрлен е во полуотвореното одделение во струшкиот затвор

Нема повеќе олеснувања за Кичеец, префрлен е во полуотвореното одделение во струшкиот затвор

Управата ја извршување на санкции ја информира јавноста дека осуденото лице Зоран Милески – Кичеец е преместено од отворено во полуотвореното одделение во Затворот Струга.

Тоа значи дека тој повеќе нема да може да ги користи олеснувањата кои ги добиваат сите осудени лица во отворените одделенија.

Причина за ваквата одлука е новата кривична постапка која се води против Милески.

Со ова решение тој ќе продолжи да ја издржува затворската казна и ќе биде достапен за истражните органи.

 

Најнови вести