Во Македонија граѓаните не можат да закажат за брз тест поради тоа што сите термини се преполни и веќе закажани за месец април.
Според податоците, брзи антигент тестови за Ковид 19 во речиси половина Македонија не можат да се направат, бидејќи нема термин за граѓаните да можат да се тестираат.
Месец април е речиси недостапен за брзи тестови за граѓаните на Куманово, Битола, Пробиштип, Гевгелија, Македонски Брод…
Граѓаните кои имаат симптоми и сакаат да се тестираа во државните пунктови речиси е невозможно да го сторат тоа во месец април што е повеќе од апсурдно за власта и државата што ги остава жителите на овие градови на милост и немилост.
За алармантната состојба алармираше и опозициската ВМРО-ДПМНЕ утрово преку свое соопштение потенцирајќи дека државните лаборатории се оставени без реагенси.
Секојдневно умираат по неколку десеттина лица, системот не организиран за да даде соодветен одговор, ама Филипче и Заев се „организирани“ и за викенд се одмараат, поточно аздисуваат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека само во Македонија се поставува прашањето за вакцини, или каде се вакцините, кога ќе стигнат?
-Во меѓувреме други земји вакцинирале по 20-30 проценти од населението, некои и до 60 проценти од населението. Само тука, исто така може да се постави прашањето дали има доволно реагенси, дали се прават доволно ПЦР тестови? Прашањето за реагенсите, потоа за тоа дали има доволно термини за ПЦР тестови се поставува, замислете после повеќе од година дена корона во Македонија?! Граѓаните се на почеток молат за термин за тестирање, ама очигледно нема. Срамно! Тоа, е тоа што Филипче и Заев знаат да го направат да се забавуваат, ама не и да ја работат својата работа за која се платени од граѓаните! Филипче и Заев веднаш одете си! Филипче и Заев ќе одговарате, велат од ВМРО-ДПМНЕ.