Агенцијата за млади и спорт оваа година при доделување на стипендиите „спортска надеж“ (објавено во службен весник 184 од 06.09.2019 година потпишано од директорот Дарко Каевски) ги изостави пливачите.
Родители кои се згрозени од оваа одлука на Каевски ја контактираа нашата редакција и се пожалија дека децата најмногу страдаат поради ваквата казна од страна на Каевски кој исполнува нечии интереси.
-Поради настанатиот хаосот во пливањето кои државата не може или не сака да го реши оваа година реши да ги казни децата наместо директните виновници, велат дел од родителите.
Тие додаваат дека децата кој што пливаат по два пати на ден и трчаат да стасаат во училиште,се оние кои се најдобрите и секогаш достојно ја преставуваат Македонија каде и да се појават, за сега да добијат ваква шлаканица од државата.
Според родителите парите од овие стипендии иако не биле големи тие биле голем стимул за петнаесетина деца од 10 до 18 години.
Редакцијата на КУРИР побара одговор од одговорните лица во Агенцијата за млади и спорт која повеќе од 24 часа не одговора на нашите поставени прашања по електронски пат.