сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Немаат граници опседнатоста и фрустрациите на СДСМ од Груевски

Немаат граници опседнатоста и фрустрациите на СДСМ од Груевски

Опседнатоста и фрустрациите на СДСМ од 10-те последователни убедливи победи во еден 11 годишен период на ВМРО-ДПМНЕ, во време кога на чело на партијата беше Никола Груевски немаат граници, пишува порталот Денешен.мк.

-Освен што се формираше специјално обвинитeлство составено од лојални партиски кадри на СДСМ кои му отворија 5 обвиненија, освен што де факто формираа специјален суд со донесување на најлојаните партиски кадри на СДСМ во кривичниот суд, освен што креираните и нелегално прибавени снимки како во ниту една држава во светот со притисок врз судот се прогласија за легални докази, освен што сакајќи да го омаловажат и оцрнат, но и да не му дозволат минимум време за подготовка да се одбрани го викаат секој ден во судот на рочишта како ниту еден друг човек во Македонија најмалку во последните 100 години, освен сето ова, тие секој ден смислуваат по некоја лага или спин за да го оцрнат и да создадат негативна перцепција во очите на народот за Груевски, сакајки со тоа да си ги оправдаат поразите и недовербата од народот кон нив, пишува порталот.

Но, вчера беше ден кога се надминаа, па во еден ден го нападнаа за три работи.

Прво, Владимир Милчин во своја колумна потсети дека Груевски треба да одговара за конфликтот во 2001-ва бидејќи тогаш бил член на владата. Значи Милчин не бара одговорност на Ахмети и УЧК за конфликтот, ниту од било кој член на тогашната влада на Љубчо Георгиевски, туку само од поранешниот министер за финасии Никола Груевски. Зошто? Затоа што осознавањето на јавноста од страна на комисијата за лустрација дека Милчин бил кодош на тајните служби самиот Милчин си го идентификува со времето на владеењето на Никола Груевски.

Неважно е дали Груевски воопшто нешто знаел за тоа, важно е дека во негово време лустрациската комисија ги обелодени доказите за соработништвото на Милчин кое подоцна го потврдија и судовите. Е сега, кој? Груевски да одговарал за конфликтот во 2001-ва. А да одговара и за ирачко -иранската војна во 80тите?

Второ, информацијата дека негов телохранител разговарал за семејни прашања телефонски со неговиот брат и сопруга додека го чекал Груевски кој бил на средби во Виена на 27-ми април лани, го претставија како нарачка на Груевски на инцидентите кои се случија тој ден. Можете само да замислите ако навистина Груевски нарачал такво нешто и ако навистина имаат барем ,,д,, од доказ каде ќе беше сега и тој и неговиот телохранител. Но, власта оди по теркот ,,сто пати повторена лага, во перцепцијата на дел од луѓето станува вистина“.

И трето, малку им беа овие две небулози во еден ден, па дојде и третата. Откако покажаа дека не се способни и еден натпревар на млади поети со издавање книга да организираат без поголем скандал, индиректно и за тоа сомнежот го фрлија на кој друг, ако не на оној кого никогаш реално не го победија во цели 12 години, Никола Груевски, ноќната мора на СДСМ.

-Имено, неспособниот директор на Агенцијата за млади и спорт правдајќи се пред јавноста, кажа дека тој не знаел зошто издавачката куќа го напишала во книгата дека е уредник на книгата, за да потоа некој додаде дека истата издавачка куќа победила на некој тендер за печатење книги во 11-те години додека ВМРО предводена од Груевски владееше. Па еве оправдување, дека пак некако Груевски и за книгата на младите поети на оваа агенција која сама си ја одбрала таа фирма на тендер е виновен. Опседнатоста на СДСМ со Груевски, покрај апсурдна стана и смешна и незрела. Толку е очигледно дека својата неспособност власта веќе не знае ни како да ја скрие, што правдањето со Груевски веќе е дегутантно, скоро две ипол години откако тој веќе не е премиер, и скоро една година одкако СДСМ е на власт, и тоа апсолутна, пишува порталот.

Но кога ќе се потсетиме што се Владата на Груевски направи, исполни ветувања и создаде во нивната прва година од владењето во 2006-2007 ма и кога тоа ќе се спореди со првата година на СДСМ и Заев, станува јасно од каде оваа лична омрaза кон Груевски. Уште повеќе кога ќе се споредат неговите и успесите на ВМРО во тие 11 години во полето на економијата, отворањето нови работни места, земјоделието, инфраструктурата, борбата против криминалот и корупцијата, здравството, образованието, културата и другите области, со ова сега на СДСМ станува јасна оваа патолошка опседнатост на СДСМ и неговите апологети со поранешниот премиер, и уште појасна фрустрацијата која резултира со судско политички прогон и медиумска хајка кон него и неговите соработници.

Но, што и да му прават нему, со ваква неспособност, со вакви кадри, со вакви политики, со вакво диктаторско владеење уште долго ќе го слушаме крикот на фрустрацијата на власта кој доаѓа при секоја помисла и споредба со времето на ВМРО и Никола Груевски, заклучува порталот.

Најнови вести