Денеска се одбележуваат 57 години од катастрофалниот земјотрес кој го срамни со земја главниот град.
Старите жители на овој град никогаш нема да ги заборават потресните слики, моменти и месеци кои ги живееле по потресот.
Еден скопјанец несреќата го снашла во хотелот „Скопје“. По првиот потрес, скокнал од првиот кат и, за среќа, останал неповреден. Покрај ѕидот на хотелот видел мртва жена, а покрај неа мало девојче кое извикувало „Мамо, мамо“. Веднаш отрчал да го земе.
Уште не стигнал до него, кога повторно земјата се затресла и урнатините ги покриле обајцата. Но овој вториот удар бил уште посилен. Разделени така еден од друг, останале шест часа под урнатините.
Кога војниците конечно го спасиле девојчето и сакале да го поведат, тоа почнало да се трга и на цел глас да извикува „Тука има уште еден чичко, спасете го“.
Девојчето не си отишло додека не го извадиле чичкото. Потоа ја извадиле мајка ѝ, мртва.
Чичкото го прашал девојчето како се вика нејзиниот татко. Таа на српски јазик бистро одговорила „Јас немав татко, а сега и мама загина“.
Чичкото ја повел со себе и на војниците им рекол „Благодарам што нѐ спасивте.
Девојчето ќе го земам, ќе биде моја ќерка, ќе ја посвојам, јас и така немам свои деца“.
Заминале заедно како едно семејство.
Скопје денес е сведок на оваа приказна и на уште илјадници други кој ги градат своите приказни на улиците на овој град. Кога се застана љубовта продолжи!