Инструкциите за спроведување на он-лајн наставата ќе се одржат вечерва во 19 часот. Да, добро прочитавте. Само неколку часа пред официјално наставата да треба да започне, ќе бидат дадени официјалните инструкции.
Утре е први октомври, првиот ден од учебната 2020/2021 година. Платформата паѓа, децата се збунети, родителите се соочуваат со големи проблеми. Владата имаше време од почетокот на епидемијата, од месец март, да работи на цврста платформа и на обука на вработените. Но, инструкциите ќе им бидат дадени дури вечерва.
Ова е доказ за неспособноста на властите во делот на образованието, но и целосна негрижа за децата и нивните родители.
КУРИР дојде до официјалниот допис со кој денес се информирани претставниците за следење на инструкции. Според пишаното, министерката за образование и наука, уште подоцна ќе има координација со директорите на училиштата.
Националната платформа за учење од далечина доживеа колапс уште пред да стапи во функција. Целокупниот наставен кадар во училиштата е исто така на удар од владината негрижа кон образовниот систем. Какви се тие инструкции кои ќе бидат доволни дадени на само една ноќ пред да почне наставата?
Меѓу наставниците има и повозрасни вработени кои или не користат интернет или немаат доволно познавање од вакви програми. Но, Царовска преку директорите ќе им испрати насоки дури вечерва во 20 часот!