сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Неофицијални резултати од пописот: Македонци 62%, Албанци 29,5% – заедно со дијаспората

Неофицијални резултати од пописот: Македонци 62%, Албанци 29,5% – заедно со дијаспората

Уште четири дена нѐ делат од објавувањето на резултатите од Пописот на население.

ТВ21 од извори во Заводот за статистика дознава дел од резултатите во однос на бројот на резидентното и нерезидентното население.

-Неофицијално дознаваме дека во Македонија живеат 1 милион и 800 илјади граѓани. Заедно со дијаспората сме 2.1 милион, што значи дека околу 300 илјади живеат во странство. Вкупниот број граѓани кои имаат матичен број е 2,5 милиони, објави телевизијата.

Заедно со дијаспората, според неофицијални извори, Македонците би излегле од 60 до 62%, Албанците 29,5%, а припадниците на останатите етнички заедници од 8 до 10%, пренесе ТВ 21.

Најнови вести