Во некои училишта во градот Тетово имаше промени на раководните функции, госпоѓата Теута Арифи, која честопати нагласува дека во нејзината општина нема непотизам, остануваат само празни зборови.
Во основното училиште „Истикбал“ во Тетово, таа си ја именувала нејзината сестра, Кујтиме Беќири за заменик директор.
Пред неколку години, Теута Арифи од позицијата директор на средното медицинско училиште „Никола Штејн“ ја отпушти сопругата на Хазби Лика, бидејќи тоа за нејзе беше непотизам и денес таа ја назначува на позицијата заменик директор нејзината сестра.
Сигурни извори за „Инфошкип“ велат дека Кујтим Беќири, пред една година почнала со работа во ова училиште како библиотекарка.