Според информациите на порталот НОВАТВ.мк Стефанија Чакаровска, ќерка на Гоце Чакаровски кој е советник за здравство на премиерот Заев од пред една недела работи како секретарка-советник на заменик директорот во Агенцијата за лекови, Роберт Бекировски.
Оваа информација ја потврдило и раководството на Агенцијата за лекови (МАЛМЕД). Чакаровска на ова работна место е со договор на дело, со оглед на тоа што се стопирани сите конкурси заради претседателските избори.
Според изворите за НОВА од Агенцијата велат за вакво работно место воопшто немало потреба, а нејзиното вработување било побарано од „горе“.
Во МАЛМЕД немаат реална потреба од заменик директор, а не пак од негов советник или секретарка.
Гоце Чакаровски, советникот на Заев за здравство, вели дека неговата ќерка работи по договор на дело само на неколку месеци, а потоа ќе се повлече и ќе се врати во Словенија каде што студира.
„Не се работи за непотизам. Мојата ќерка заради „икс“ причини се врати на неколку месеци во државата и потоа ќе се врати пак во Словенија каде што студира. Работи по договор на дело во МАЛМЕД, не е во редовен работен однос“, изјавил за НОВА, Чакаровски.
Покрај Чакаровска во МАЛМЕД е примен и еден шофер, информатичар, архивар, еден фармацевт(иако како што велат, имало потреба од двајца), но во Агенцијата тврдат дека за нив имало реална потреба, а ќе биде распишан конкурс за редовен работен однос веднаш штом за тоа се создадат услови.