среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Непречен сообраќај на патиштата, слаб снег на Страцин-Куманово

Непречен сообраќај на патиштата, слаб снег на Страцин-Куманово

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Слаб снег провејува на патниот правец Страцин-Куманово, кој во моментов не се задржува на коловозт.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести