Директорот на скопската Зоолошка градина Ѓорѓи Галетановски преку својот Фејсбук профил шири говор на омраза кон идната кандидатка за градоначалник на градот Скопје Данела Арсовска.
Имено не престануваат негативните коментари по објавувањето на поддршката од страна на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ за независната кандидатка Арсовска.
Со таков коментар се јави и директорот на скопската зоолошка, Ѓорѓи Галетановски кој многу ниско и со непристоен речник „се пошегува“ за кандидатурата на Арсовска.
Овој брутален говор на омраза не доликува на човек којшто извршува јавна функција која треба да биде во интерес на граѓаните. Во продолжение може да видите за што станува збор: