среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Несоодветен третман на „Евзони“ кон македонските камионџии: Ќе реагираат ли МНР и Филипче? (ФОТО)

Несоодветен третман на „Евзони“ кон македонските камионџии: Ќе реагираат ли МНР и Филипче? (ФОТО)

На социјалните мрежи кружат фотографии од македонските камионџии кои се тестираат на „Евзони“ и се жалат на лош третман од страна на тамошните медицински тимови кои им прават тестови.

Здраво, сакам да ви испратам слика за да види јавноста како се тестираат колегите на ЕвзониУтрово во 8:30 часот по извршен ПЦР тест, цел ден ми течеше крв од носот и имав чувство на крв во устата.  Ова мислам дека ги помина сите граници на нормала, но не бев само јас, имаше и 10 други колеги кои се пожалија на истиот проблем, мислам дека е редно време некој да превземе одговорност, под итно да се превземат мерки за разговор со “јужниот сосед” за укинување на ПЦР тестовитеПо оваа случка јас повеќе не сакам да возам камион кон “јужниот сосед”, јас сум исто така нов возач и 4 месеци сум зад волан и здравјето ми е пред сѐ! стои во Фејсбук статусот на македонски камионџија.

Дали макадонското МНР во координација со министерството за здравство ќе реагира со цел заштита на македонските граѓани и нивното здравје?

За излез од земјава кон соседна Грција на излезот Евзони здравствени екипи таму прават брзи тестови на возачите за да се утврди дали се позитивни на Ковид 19.

На 1 март Грчките власти воведија нови мерки за заштита од корона вирусот камионџиите кои што ќе влегуваат во соседна Грција на граничните премини им се прават брзи ПЦР тестови оние кои се позитивни се враќаат назад.

Најнови вести