понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ СО ЛОКАЛЕН ПОРОЕН ДОЖД И ГРМЕЖИ: Какво време не очекува во следните денови?

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ СО ЛОКАЛЕН ПОРОЕН ДОЖД И ГРМЕЖИ: Какво време не очекува во следните денови?

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне и кон крајот на денот претежно во северните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. UV=8

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер.

Во четврток ќе дува повремено засилен северен ветер, што ќе услови температурата да се намали за неколку степени, а попладне претежно на запад ќе има појава на повремен пороен дожд и ретки грмежи.

Од петок температурата повторно ќе биде во постепен пораст.

Најнови вести