среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нетпрес: Прв инцидент поврзан со референдумот – две момчиња физички биле нападнати во Тетово

Нетпрес: Прв инцидент поврзан со референдумот – две момчиња физички биле нападнати во Тетово

Две момчиња кои делеле флаери за референдумот биле физички нападнати денеска во Тетово, објави порталот НетПрес.

Како што стои во текстот ова е првиот насилен инцидент во врска со претстојниот референдум во недела. Од МВР засега не објавуваат никакви детали околу случајот, ниту дали е приведен сторителот на насилството.

Од редакцијата на Нетпрес се обратиле до МВР и официјално да побараат информација, но се уште нема никаков одговор од таму.

Според информациите кои ги објавува Нетпрес, советник од кабинетот на премиерот Зоран Заев ги забележал двете момчиња во близина на зелениот пазар во Tетово, по што им се приближил и физички ги нападнал. Инцидентот се случил околу 11.30 часот пред ординацијата „Аполон“ каде што момчињата делеле пропаганден материјал околу референдумот. Напаѓачот првo им го одзел материјалот, па потоа им се заканил. Во еден момент тргнал и физички, со тупаници да нападне едно од момчињата, по што му задал удар со нога во грбот.

Како што пренесува Нетпрес случајот околу пладне бил и пријавен во тетовската полиција, а момчињата биле упатени да извадат лекарско уверение.

Најнови вести