Во јавноста во последните денови доста актуелна тема е нашиот претставник за Евровизија, Васил Гарванлиев поради деталот кој се појави во неговиот спот, односно појавата на бугарското знаме во спот за песна со која треба да ја претставува Република Македонија на Евровизија.
Граѓаните остро и негативно реагираа на ова. Темата стана уште „пожестока“ по изјавите на Васил дека има бугарски пасош, па дури на Фејсбук се шири и петиција за Васил да не оди на Евровизија, односно да не не претставува.
Имено, најново сега се појавија фотографии на кои што Васил Гарванлиев е во придружба на Зорица Заева, сопруга на Зоран Заев. Од фотографиите може јасно да се види нивната блискост и пријателство, пишува НетПрес.мк
Од друга страна пак, струмичани говорат дека Заеви и Гарванлиев се во роднинска врска, бидејќи Васил потекнува од село Муртино од каде што е и Зоран Заев.
Се поставува прашањето, дали блискоста на Заеви со Васил се всушност вистинската причина за претставувањето на Гарванлиев на Евровизија ?