Државната изборна комисија регистрира 31.107 неважечки ливчиња на вчерашните предвремени парламентарни избори, според обработени 3.421 од 3.480 избирачки места.
Бројот на важечки ливчиња изнесува 869.533.
Гласале 927 640 граѓани или 51 отсто од вкупно запишаните 1 814 263 во Избирачкиот список.
Десеттите парламентарни избори поради актуелните услови на пандемија на коронавирусот траеја три дена, а се гласаше со маски и други превентивни мерки според протоколот што го утврдија здравствените институции.