Вечерва снегот ги парализираше скопските општини, очигледно дека градоначалниците не очекуваа снег во февруари месец.
Сликите и реакциите на граѓаните ги зоврија социјалните мрежи.
Во општина Карпош очигледно Стефан Богоев, градончалникот оди по стапките на неговиот ментор, Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје. По улиците на Карпош, Богоев фрла невидлива сол, од која граѓаните се здобиваат со скршеници.
Тони Јарески, советник во Советот на Општина Карпош вчера објави слики од тендерот за индустриска сол за зимско одржување – Карпош/СДСМ 14.150 ден/1тон БЕЗ ДДВ, а Сопиште/ВМРО. 3.420 ден/ 1тон СО ДДВ. Освен што се случува енормниот грабеж на граѓаните, денес е се парализирано во општината бидејќи освен што се плаќа најскапа сол на светот, ништо не исчистено и се случуваат сообраќајки, карамболи, А градоначалникот на Карпош си тера ПР.
Ситуацијата е иста и во општина Аеродром. И во оваа општина улиците се парализирани и граѓаните не можат да излезат од своите домови. Очигледно дека градоначалникот Златко Марин е изненаден од снегот што падна сега.
Во општина Ѓорче Петров власта е изненадена од снегот. Заглавени возила по коловозите, непристапни пешачки патеки, а механизацијата со која толку се фалеа градоначалниците ја нема никаде! Загрижените граѓани од оваа општина прашуваат каде е сега онаа “дежурна екипа” што чистеше во Ѓорче Петров ?Каде е механизацијата на градот ?
Ситуацијата во општините Кисела Вода и Гази Баба не е подобра. Градоначалниците се фалат по социјалните мрежи за наводно исчистените улици, но изгледа таа розова слика само тие ја гледаат, бидејќи граѓаните се заглавени. А, поради најавените обилни дождови на снег ноќва граѓаните се плашат за своите семејства.
Во општина Гази Баба, булеварот „Александар Македонски“ кој е главна сообраќајна артерија за влез и излез од градот Скопје е покриена со снег. Поради ваквата состојба отежнато е движењето на граѓаните и се случуваат сообраќајни незгоди.
За ова реагираше и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје. Во својата реакција напишаа- „Градот Скопје е блокиран и непроооден при првиот снег. За што троши Шилегов по еден милион евра кога Скопје е непроодно при првиот снег.Неспособноста на Шилегов се покажа при првиот снег. Само за лани и пред две години потрошени се еден милион евра за наводно чистење на снег кој не падна, а сега Скопје е блокирано.64.900.000,00 денари или над 1 милион евра е договорот кој Петре Шилегов го склучи со фирмата „Аполо Инженеринг“ за изнајмување на возила за чистење на снег на улици во Скопје во периодот од 15-ти ноември до 15-ти март за 2019-2020 година“.