сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Невозможно е да ги затвориме сите кои дојдоа од Италија, владееме со состојбата, нема место за хистерија- што зборуваше власта пред една недела?

Невозможно е да ги затвориме сите кои дојдоа од Италија, владееме со состојбата, нема место за хистерија- што зборуваше власта пред една недела?

Ситуацијата дека излегува од контрола се секојдневните нови случаи на коронавирус во Македонија. Властите речиси задоцнето реагираат како и за се останато во овие три години, а медицинскиот персонал речиси да е пред колапс. Кај истиот веќе се јавија и првите заболени поради негрижата на Министерството за здравство.

Сепак од Владата пред неколку дена апелираа дека нема место за паника!

На новинарско прашање пред една недела министерот за здравство Венко Филипче изјави дека сите што доаѓаат од Италија нема да подлежат на изолација.

-Тоа е невозможно, рече Филипче.

Дел од стручниот тим на министерот изјави и дека населението може да биде мирно.

-Ние владееме со состојбата, ништо не не изненадило.

Техничкиот премиер пак Оливер Спасовски ги убедуваше граѓаните дека нема место за паника и било каква хистерија.

-Проценките се дека ние немаме никаква причина да носиме било каква одлука што значи запирање на нормалниот живот, велеше неодамна Спасовски.

Сепак доказ дека контролата излегува од контрола се задоцнетите мерки на Владата и бројката на новозаболени од коронавирусот која секојдневно расте.

Инаку вчера професорот по безбедност Златко Кескоски преку социјалните мрежи апелираше дека владата доцни со мерките.

Докторирав во областа на кризен менаџмент. Уште ваква држава немам видено, пишува професорот за безбедност Златко Кескоски.

-Доцниме со мерки 10 дена, вчера објави Советот за Навионална Безбедност дека нема потреба од прогласување вонредна или кризна состојба во државата ( катастрофа ), а денес не можат да се договорат каква состојба треба да се донесе.
КАТАСТРОФА, ако нагло се зголеми бројот на заразени, а ќе се зголеми, сета одговорност лично ќе ја сносите вие, кои носите одлуки кои ќе земат животи без потреба. Ово го нема никаде, анализира тој.

Доктор Ненад Лазаров обвинува дека општите ординации се оставени сами на себе, без елементарна заштита, никаква помош во ресурси.

-Не натеретивте со цела админинистрација плус на секојдневната работа, хартии од секаде, а помош никаква! Свесни ли сте што ќе се случи ако ние колабираме и почнеме да затвораме ординации? Пари не бараме, бараме дезинфициенси, маски, ракавици, или ние не сме дел од здравстениот систем, напиша тој.

Најнови вести