На Македонија час поскоро им се потребни предвремени парламентарни избори, бидејќи не само што имаме евидентна политичка, економска, енергетска криза, туку и безбедносна криза, ова денеска го изјави лидерот на „НГИ Коалиција на Египќаните“, Демир Далип.
„Суштински, најмногу страдаат граѓаните на Македонија, евидентни се поделбите по сите основи, како и политичките реваншизми, монтираните судски пресуди, сиромаштијата, заминувањето на младите од татковината и многу други примери кои се во спротивност на европските вредности. Во дадениот момент сите политички одлуки не само што се во статус кво состојба, туку истите се ретроградни, непрогресивни и недемократски. Во голема мера се прекршуваат основните човекови права и слободи од страна на власта, и единствен излез од горенаведеното се предвремени парламентарни избори, истакна лидерот на „НГИ Коалиција на Египќаните“.