НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ апелира се прифатат барањата на пензионерите и да се преговара со нив затоа што инфлацијата, особено растот на цените на прехранбените производи и енергијата ги доведува пензионерите без егзистенција, без животна перспектива и го загрозува нивниот опстанок.
Имено, меѓу пензионерите се и пензионери од етничката заедница на Египкани, кои примаат минимални пензии, а со истите неможат да ги задоволат основните животни потреби. Како и сите пензионери, и пензионерите Египкани кои примаат минимални пензии, а такви се речиси 99%, протестираат и бараат линеарно покачување на пензиите. Сите грагани, а особено пензионерите заслужуват достоинствен живот, и во таа насока апелираме Владата да ги прифати барањата на пензионерите, истакна лидерот на НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ Демир Далип, кој додаде дека има индиции оти се вршело притисоци врз пензионерите -Египќани да не одат на протести во Скопје. Доклку, се утврди ваквата состојба, ке следат соодветни правни дејствија.