НГИ ,,КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“, ќе испрати официјално барање до претседателот на македонското Собрание, како и до координаторите на сите парламентарни партии, на некоја од наредните седници да се расправа за воведување на Ден на Египќаните во Македонија, воедно барајќи поддршка и Египќаните да имаат свој ден за одбележување, бидејќи се посебна, автентична и автохтона лојална етничка заедница во Македонија.
-Покрај многуте празници и денови на другите етнички заедници, Египќаните се чувствуваат отфрлено и запоставено во сопствената татковина. Имаме природно и основано легитимно право на свој ден. Ромите го имаат 8 Април, 23 мај Власите, итн, тогаш се поставува прашањето Зошто Египќаните, се иземани од овој процес, и дали тие се поставени во нееднаква положба со останатите етникуми , кои имаат свои денови, на кои ги одбележуваат, како одраз на една објективна стварност дека тие тука се реалност, на овие простори. Во вакви конотации, мојот народ, е поставен на основите на Дискриминацијата, а тоа не треба да се премолчи, истакнува лидерот на НГИ ,,КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ,, Демир Далип, додавајки дека ова не се ,,Европски вредности и на овој начин не можеме да се стремиме и надеваме да бидеме полноправна членка на ЕУ. За да не се чувствуваат и други етнички заедници како Египќаните во Македонија, нека се направат измени и дополнувања на Законот за празници. Тоа е сосема легитимно.