Од НГИ коалиција на Египќани го сметаат за дискриминација фаворизирањето на македонските Бугари за влез во Уставот.
-Тие да бидат спомнати во Преамбулата на Уставот и Комитетот за односи помеѓу заедниците, суштински создава состојба кога етничките заедници како Египќаните, Хрватите, Црногорците и сите оние што се во категоријата ,,други,, во Уставната Преамбула да се ставени во една подредена состојба, што е основ за дискриминација. Не треба да заборавиме дека сите граѓани во Македонија се еднакви и рамноправни и дека се забранува секаков вид на дискриминација, вели Демир Далип од Коалицијата.
Смета дека не е момент за било какви уставни интервенции, бидејќи посочува, во иднина тоа може да биде извор на уште поголеми проблеми кои ќе задираат и во темелите на државата.
-Треба да почекаме да се создадат услови, па дури потоа да се анализира било кое барање од соседите, притоа запазувајќи го принципот на реципроцитет. Ако, некој предничи во континуираното барање за влез во Уставната Преамбула, тоа се Египќаните, но ние како лојални граѓани цениме дека државата ни е пред се и над се, истакнува Далип.