четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ни “В“ од ветувањата на Венко: Докторите не се безбедни и работат во катастрофални услови, министерот заборави зошто се појави на ланскиот протест

Ни “В“ од ветувањата на Венко: Докторите не се безбедни и работат во катастрофални услови, министерот заборави зошто се појави на ланскиот протест

Си протестираше против сопствените неуспешни политики, па заборави што ветил и каде се појавил. Министерот за здравство Венко Филипче, во септември 2019-та година беше дел од протестот организиран од здравствените работници: „Насилството не е решение за проблемите“.

Се појави во улога на доктор кој застана против насилството врз неговите колеги, а една од најголемите причини зошто се случуваат такви немили настани се и лошите здравствени политики. На чело на нив, е токму тој.

Тогаш, откако во Скопје, Тетово, Кавадарци и во други болници се случија физички напади кон неколку лекари, докторите излегоа на протест. Филипче таму вети закон за лекарска дејност, законско изедначување на напад врз медицинско лице со напад врз службено лице, полициско обезбедување на сите болници итн.

-Со насилство не се решаваат работите. Сметам дека нема никаква логика да се крене рака на здравствени работници кои деноноќно се борат за животите на најблиските. Сите тие пристапи се казниви и се предвидени парични, но и затворски казни. Презедовме конкретни мерки со МВР, ќе има мобилна патрола во регионот на старата градска болница, каде што се случуваат најголем број инциденти, но и други места каде што се третираат голем број пациенти, рече лани Филипче.

Најави и дополнителни мерки кои ќе го унапредат статусот на здравствените работници.

-Минатата година имавме обиди да обезбедиме некаква форма на професионално обезбедување со оглед на тоа дека обидите да се искористат вработени од јавниот сектор беа неуспешни заради административни пречки, сега се решивме за професионално обезбедување, речетогаш  Филипче.

Цела година подоцна, денес, само едно нешто се случи. За жал, продолжуваат нападите кон лекарите. Здравствените работници се небезбедни затоа што од ветувањата на Венко не се исполни ни “В”!

Во текот на вчерашниот ден приведен е С.А. (32) од Скопје кој нападна лекар на Клиниката за токсикологија.

Инцидентот на Клиниката за токсикологија се случи вчера, е лекарот што бил нападнат завршил со неколку хематоми и расекотини по телото.

Осуда за нападот на лекарот, во објава на Фејсбук упати министерот за  здравство венко Филипче. Но, повторно, Филипче изгледа заборава дека тој е министер за ЗДРАВСТВО и дека имаше доволно време да сработи нешто за неговите колеги да бидат безбедни. Бидејќи тој сега е сместен во удобна канцеларија во МЗ, а тие останаа по клиниките во катастрофални услови за работа!

-Најостро го осудувам овој чин, нема оправдување за насилство. За жал, ова не е прв ваков инцидент, лекарите често се изложени на вербални и физички напади. Да не заборавиме дека овие луѓе се грижат за нашите блиски и спасуваат човечки животи. Насилството не е решение и не смее да биде. Ги повикувам институциите целосно да го истражат случајот и соодветно да санкционираат, напиша Филипче.

 

Најнови вести