сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Никола Спасов го мери рејтингот на партиите, а сега ќе произведува и струја

Никола Спасов го мери рејтингот на партиите, а сега ќе произведува и струја

Никола Спасов, сопственикот на агенцијата „Рејтинг“ за мерење на јавното мислење и организирање промотивни активности, стана сопственик на нова компанија за производство на електрична енергија „Гама Солар“, објави порталот фактор.мк

Барањето било поднесено на 26 мај, а на 7 јули се олдржала подготвителна седница, за одобрување на регистрацијата на компанијата која ќе треба да ја гради својата фотоцентрала, а покрај Спасов, основач на „Гама Солар“ е и микро-претпријатието Солар ЕТ кое во 2018 направило обид да произведува соларни панели.

По три дена Регулаторната комисија за енергетика, на 10 јули, одржала редовна седница, на која со одлука му одобрила привремена лиценца за изградба на прва фотоцентрала во околината на Кавадарци под име „Гама Солар1“ со моќност од 2,18 мегавати, што е релативно висок производствен капацитет.

Спасов во телефонскиот разговор ни потврди дека одлучил да вложува во овој бизнис и ни рече дека неговата намера да инвестира во овој сектор не е ништо посебна во однос на другите јавни личности кои донеле одлука да вложат во производство на електрична енергија од обновливи извори.

Инаку агенцијата „Рејтинг“ на Спасов често е ангажирана за осмислување и реализација на активности и промотивни дејности, за консултантски услуги за оцена на успешноста на реализацијата на програмските активности со редовно, или по потреба, спроведување на анкети за институциите.

„Рејтинг“ на Спасов изминатиот период организираше завршни конференции и настани за промовирање на државата, но го истражуваше и јавното мислење за активностите на разни централни и локални институции. Пред избори, но и во меѓувреме, редовно го мери рејтингот на политичарите и партиите.

Најнови вести