четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Никола Србов: Се надевам дека ќе добиеме датум за преговори, затоа што граѓаните не смеат да бидат заложник на катастрофалните политики што ги води власта

Никола Србов:  Се надевам дека ќе добиеме датум за преговори, затоа што граѓаните не смеат да бидат заложник на катастрофалните политики што ги води власта

Историчарот и колумнист Никола Србов на гостување на Канал 5 телевизија во Само вистина, истакна дека се надева дека ќе добиеме датум за преговори и смета дека македонските граѓани не смеат да бидат заложник на катастрофалните политики кои што ги води СДСМ и владата.

Тој вели исто така дека е среќен сум и горд на тоа што ВМРО-ДПМНЕ дава огромен придонес за добивањето на датумот и приближувањето на кон преговорите за членство кон Европската унија.

-Ние добро се сеќаваме како Социјалдемократскиот сојуз кога беше во опозиција ја претставуваше државата надвор, апсолутно и тоа што чини и тоа што не чини го претставуваше во најцрно светло, и на тој начин се кочеше државата во процесот кон ЕУ, од дтуга страна ВМРО-ДПМНЕ и помага на власта, односно дава допринос за да добиеме датум за преговори, вели Србов.

Во однос на аферата „Рекет“ која што ја нарече афера број еден од поновата историја на оваа држава, вели дека не очекува разрешница, дека се ќе застане на неколкумината уапсени, а сите се свесни дека истите не би можеле тоа да го прават без поддршка од власта.

Тој смета дека скандал од вакви размери мора да биде расветлен, но има индиции дека раководството на државата е замешано во овој случај, се оди на тоа да не се расчисти овој случај, затоа што СДСМ влегува во преговори за закон за јавно обвинителство со персонални решенија со кое што ја кочат истрагата и решавањето на овој случај.

Најнови вести