Денеска во „Што не е јасно“ во Алфа телевизија, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Александар Николоски, во врска со четирите години владење на СДСМ, истакна дека овие четири години власт на СДСМ се само дел од проектот за уништување на македонската држава, во која во секоја сфера се е уништено, рушење на државата од темел.
-Во овие четири години се’ се уништува не дека има национално предавство па се друго цвета, туку државата се руши на сите темели, корупција има како никогаш претходно, тоа ја руши државата од темел, здравството не функционира како никогаш претходно, образованието е целосно уништено, инфраструктура нема не се гради, километар автопат немаат изградено, асфалт немаат фрлено, а да не зборуваме за железници и аеродроми, спортот се уништи целосно, земјоделието е во слободен пад од тутунари преку млекари до се’ останато и плус националните предавства, и секој којшто следи ќе сфати дека се работи за проект, дека уништувањето не е случајно, критикуваше Николоски.
Николоски појасни дека се работи за проект за уништување на македонската држава, таква каква што ја познаваме, како и дека тој проект не е случаен, и само е одбран лик тоа да го реализира со неговите неспособности.
-Ова е битка којашто мора да ја добиеме како генерација , да ги тргнеме од власт, да ја стабилизираме прво државата, па потоа да ја градиме, единствената опција е ВМРО-ДПМНЕ, сето останато е глас за СДСМ, глас за помали политички партии е глас за СДСМ, порача Александар Николоски во гостувањето вечерва.