Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва објави договор, за кој вели дека е еклатантен пример за криминал и корупција.
-Директорот на ЈП Државни патишта од ДУИ, Рустеми склучил договор за тендер за косење на трева, кастрење на гранки и сечење на дрвја во вредност од над 2 милиони евра.
Ова е еклатантен пример за криминал и корупција кој што се случуваат во Македонија, стои во објавата на Николоски.