вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николоски до Јовевски: Дали е испитана поврзаноста на 29 струмички компании со пропаѓањето ан Еуростандард банка?

Николоски до Јовевски: Дали е испитана поврзаноста на 29 струмички компании со пропаѓањето ан Еуростандард банка?

Александар Николоски, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска комисија за надзорна расправа за пропаѓањето на Еуростандард банка, го праша државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски дали може да одговори дали се испитува поврзаноста на 29 компании со сопствеништво и седиште во Струмица кои земале огромна сума на пари од сега веќе пропадната Еуростандард банка но се уште ги немаат вратено и престанале да ги враќаат во ист или сличен временски период што значи дека се работи за координирана акција.

Би сакал да прашам дали се испитува поврзаноста на според Извештајот на стечајниот управник, 29 компании за кои што индикативно е дека сите се со седиште во Струмица, се со сопствеништво во Струмица и се меѓусебно поврзани или се сопственички поврзани, или имаат исти управител кој што имаат сериозна сума на кредити подигнато од Еуростандард банка, но се уште ги немаат вратено и престанале да ги враќаат во ист или сличен временски период што значи дека се работи за координирана акција, праша Николоски.

Според Николоски, пропаѓањето на Еуростандард банка е најголем финансиски скандал во државата после аферата ТАТ, па порача дека граѓаните и фирмите треба да знаат нивните средства се исцицани преку фиктивни кредити и дали во овој скандал се инволвирани не само раководната структура на банката туку и вкупно 29 компании сите со седиште во Струмица.

Имајќи предвид дека пропаста на Еуростандард банка е можеби најголемиот финансиски скандал во Македонија после аферата ТАТ, добро е да знае јавноста дали средствата кои што пропаднаа и на фирмите и на граѓаните кои што имаа влогови над 30.000 евра се исцицани преку фиктивни кредити и дали овде се работи за посериозен организиран криминал во кој што не е инволвирана само раководната структура на банката туку и вкупно 29 компании сите со седиште во Струмица и сите сопственички поврзани, или поврзани во делот на управување, вели Николоски.

Најнови вести