Го гледам Заев свесен дека ќе губи пласира лажни вести преку порталите што му се блиски. Јас едно зборувам тие друго спинуваат. Очај! Им се смеат луѓето. Белото не може да е црно. Ама и жално е на што паднаа, пишува на Фејсбук носителот на листа во ИЕ 4 од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Голем пораз те чека Заев и во четворката и во цела Македонија! А потоа одговорност.
Знам дека стравот е голем и затоа очајот е голем. И да те повикам уште еднаш – дали си во состојба да го докажеш потеклото на сопствениот капитал и капиталот на твоето семејство?