Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето гостување на Канал 5 зборуваше за случајот „Рекет “ и побара од Зоран и Вице Заеви јавно да кажат на македонската јавност што разговарале со осомничените во овој случај. Имено тој во врска со овој случај кажа ексклузивна информација поврзана за овој случај, а тоа е следново:
– Сакам да ги прашам дали имале мастер план за скривање на случајот „Рекет“ кој што го договарале Зоран Заев со Катица Јанева и Вице Заев заедно со Зоран Милески Кичеец и со Боки 13 и дали тој мастер план требало да се реализира и дали тој мастер план е пореметен само заради објавувањето на снимките со торбата „Луј Витон“ во италјанскиот весник „Ла Верита“, рече Николоски.
Николски во своето гостување рече дека е јасно во текот на месец август, пред да биде притворена Катица Јанева дека таа имала средба со Зоран Заев и дека Заев треба да одговори што разговарал со Јанева во текот на месец август. Имено ако е вистина дека тој го пријавил случајот „Рекет“ за што немаше никаков писмен доказ, тогаш што барал да се среќава со нејзе во текот на месец август, ако самиот не бил на врвот на пирамидата односно самиот не ја координирал акцијата „Рекет“.
-Исто така во кое својство неговиот брат како и семејниот адвокат се среќаваат со друг осомничен во случајот „Рекет“ во текот на месеците јуни и јули кога е јасно дека има афера „Рекет“ и кога истата е позната во јавноста. Сигурно не разговарале за временска прогноза или каков е денот, сигурно разговарале за тоа како да се скрие случајот „Рекет“ и мислам дека доколку не се објавеа оние снимки кои се објавија, тој мастер план кој што го развиле на тие состаноци ќе се реализирал, додаде Николоски.