Кандидатот на СДСМ за Аеродром, Филиповски живее на Водно, а не во Аеродром, во хациендите изградени од браќата Филиповски кои го пропаднаа ОХИС и македонското стопанство, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, при посетата на општина Аеродром потенцирајќи дека со СДСМ се уште владее олигархијата која на овие избори ќе биде поразена.
Николоски истакна дека Филиповски практично пошта е пратен во Аеродром и менува адреса на крајот на март оваа година со цел да биде кандидат за градоначалник на Аеродром. .
– На Водно живее цел живот во една од најпознатите хациенди во Македонија, тоа се првите две хациенди кои се изградија на Водно во 90-тите години од криминалната олигархија на СДСМ и криминалната приватизација, рече Николоски.
Тој додаде дека тие две хациенди се изградени од браќата Филиповски од кои едниот беше министер за економија, а другиот директор на аеродромот и едниот го пропадна „Охис“ а другиот македонското стопанство.
– Тие и во криминалната приватизација се стекнаа со огромно богатство кое прво го инвестираа во две хациенди на Водно, од кои во едната сега живее актуелниот кандидат на СДСМ за градоначалник на Аеродром а после тоа го инвестираа и во други „бизниси“ како „Стоп и Го“ сопственост на актуелниот кандидат за градоначалник, скапи коли, хациенди на Галичник. Ова само покажува дека криминалната олигархија се уште владее со СДСМ, нагласи Николоски