среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Глас за помала политичка партија од опозицијата која што нема да е дел од големата коалиција на ВМРО-ДПМНЕ е всушност глас за продолжување на власта на Заев

Николоски: Глас за помала политичка партија од опозицијата која што нема да е дел од големата коалиција на ВМРО-ДПМНЕ е всушност глас за продолжување на власта на Заев

По прес конференцијата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски беше запрашан како ВМРО-ДПМНЕ гледа на тоа дека се создаваат многу независни листи на кандидати за градоначалници и советници, дали токму ова може да претставува и конкуренција на опозицијата.

– Сметам дека е добро граѓаните да имаат избор, богатството на демократијата е што поголем избор и што повеќе кандидати. Во таа насока јас го гледам како позитивно за ВМРО-ДПМНЕ, заради тоа што има голем интерес за независни листи кои што кога ќе ја видите структурата на луѓе кои што се кандидираат се досегашни поддржувачи на власта. Се работи за луѓе од граѓанскиот сектор најчесто, кои што беа досегашни поддржувачи на власта на Заев и исто така за структури кои што се или се уште се актуелни членови на СДСМ или досегашни членови на СДСМ, како и структури кои што се досегашни и актуелни членови на помалите коалициони партнери на СДСМ од типот на Либерално демократската партија, на ДОМ итн., рече Николоски.

Николоски додаде дека дополнително и ЛДП и ДОМ најавија самостоен настап што укажува дека власта на Зоран Заев се руши и распаѓа по сите шавови.

– Во однос на опозицискиот настап, значи ова е во кампусот на власт, и јас сите овие независни листи и кандидати ги гледам во делот на кампусот на власта и тоа си проблем за власта. Но, и уште една потврда дека власта ќе падне на овие локални избори. Во однос на опозицискиот настап ние ќе имаме обединет настап како коалиција која што треба да се избори против организираниот криминал и корупција, работиме на тоа и за брзо ќе презентираме. Веќе и некои контури се познати во јавноста. И во тој дел ни е потребно окрупнување на гласовите за тоа што ова се мнозински избори, пред се во делот на избор на градоначалник и 100 гласа можат да решат дали ќе е некој градоначалник или не. И за тоа сите тие гласови треба да се концентрираат на конт на оваа коалиција која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. За тоа што глас за помала политичка партија од опозицијата која што нема да е дел од големата коалиција на ВМРО-ДПМНЕ е всушност глас за продолжување на власта на Зоран Заев, нагласи Николоски.

Најнови вести