четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Избори во оној момент кога ќе сме сигурни дека ниту еден човек на гласање нема да се заболи од коронавирус

Николоски: Избори во оној момент кога ќе сме сигурни дека ниту еден човек на гласање нема да се заболи од коронавирус

Здравјето на граѓаните ни е на прво место потенцираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето гостување во емисијата „Само Интервју“ на телевизија Канал 5. Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ работи на план кој ќе значи излез од ситуацијата и пат до избори кои нема да го загрозат здравјето на граѓаните. Во однос на датумот кога би се одржале предвремените парламентарни избори, Николоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да гази преку човечки животи за да дојде на власт и ќе се залага за избори во оној момент кога ќе сме сигурни дека ниту еден човек кој ќе гласа нема да заболи од коронавирусот.

-Драги ми е што ќе има лидерска средба од причина што тоа беше наше барање. На почеток СДСМ одбиваше, потоа прифатија, здраво е за државата главните политички сили да седнат и разговараат за да се обидат да најдат консензус околу најкрупните прашања. А тоа е убава порака и за граѓаните. Секако ние ќе излеземе со наш план кој ќе значи излез од ситуацијатаи ќе значи пат до избори. Работиме во моментов на планот, да беше готов би ви го презентирал, но во текот на викендот очекувам да е готов. Она што е можам да го кажам е дека тоа е план кој што ќе води до избори и ќе води до заштита на здравјето на граѓаните, затоа што ние не смееме да се доведеме во ситуација да луѓе заболуваат од коронавирус, или недајбоже ги губат своите животи за да во Македонија се случат избори. ВМРО-ДПМНЕ типува на избори во оној момент кога ќе сме сигурни дека ниту еден човек на гласање нема да се заболи од коронавирус. Тоа е основно за нас, затоа што нам не ни треба власт ако како резултат на изборите на кои што сме ја добиле власта се заразат стотици луѓе и недајбоже почина 10-тици луѓе. Нас таква власт не ни треба, затоа што тоа е газење преку човечки животи вели Николоски.

Најнови вести