Ова е тажната вистина за инфраструктурниот колапс, кој што се случи во изминатите три години пустош на СДСМ. Ветуваме изградба на автопатското решение од Градско преку Прилеп до Битола и грчката граница кое што треба да значи отворање на целокупните пелагонискиот регион кое што треба да значи нови работни места, заживување на економијата и модерно инфраструктурно поврзување, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Александар Николоски, носител на Изборната единица 4.
-Автопат којшто ќе го поврзе Прилеп и целиот прилепски регион со централна Македонија и којшто ќе го поврзе Прилеп и целиот прилепски регион со најмалку две пристаништа со цел да ја развиваме заеднички економијата. Одбери обнова, потенцира Николоски.