Јас го кажав тоа што го кажав и стојам позади она што го кажувам. Имено дента кога бев во посета на Неготино и неготинско од многу луѓе слушнав дека многу луѓе за жал ја губат работата односно не им се продолжуваат договорите. Основа причина за тоа е заради тоа што имаме корона криза во цел свет, ја имаме и во Македонија и заради тоа се губат работни места, истакна синоќа носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 4, Александар Николоски.
Мојата порака е јасна и едноставна, а тоа е дека владата мора да помогне на стопанството, кое за жал во моментот не го прави. Недозволиво е Еленица на Заеви да добива државна помош во услови кога прави милионски профити секоја година, а фирми кои што вработуваат илјадници луѓе да размислуваат дали да ги задржат или да не ги задржат и направив една аналогија, како што во 90тите години СДСМ ја затвори фабриката за кабли во Неготино, доколку останат на власт затоа што не прават ништо за странски инвестиции во три години ниту една странска инвестиција не дојде во Македонија ,а ниту ги помагаат домашните, има потенцијал да затвораат и постојни инвестиции.
Видов дека Зоран Заев денеска пробувал да го спинува и да го врти тоа, но многу едноставно е Зоран Заев немал намера да носи странски инвестиции во Македонија затоа што три години видовме дека не носи.
Исто така овие три години странските инвестиции, а и претходно како опозиција СДСМ се систематизирани, се напаѓани, имаше разни прилози и од СДСМ и од блиски на СДСМ како се условите лоши за работа, како се даваат ниски плати итн.
Мислам дека е тоа не фер однос кон странските инвеститори, тие треба да се помагаат, она што можам да го кажам е дека после победата на 15-ти јули на ВМРО-ДПМНЕ ние ќе ги помагаме и странските и домашните инвеститори за да се створи еден втор инвестициски циклус. Веќе имаме договорено три странски инвестиции кои што ќе дојдат во Македонија, на постојните ќе им дадеме помош и се надевам дека во Дрекслермаер ќе се отвораат нови работни места, а нема да се затвораат работни места.